Симболично сечење на бадниковото гранче

Во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, денеска, во рамки на претстојната бадникова прослава, традиционално ќе се одржи средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2016 Илија Малинковски и Драган Мијалковски, што 24-ти пат ја организира граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.
Средбата е точно напладне, кога ќе почне симболичното сечење на бадниковото гранче. Први тоа ќе го направат Малинковски и Мијалковски, а потоа и минатогодишните Кум и Здравичар, Сашо Џиковски и Благоја Анчевски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости,...
Скопјани ќе бидат информирани дека се е готово за централното одбележување на Бадник, на 6-ти јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски.
Предвидено е и дружење со песна и игра, пржена риба, пиво, вино и сок.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
