-->
-->
Силно невреме на хрватското приморје
-->
Невреме, проследено со силен ветер го погодија хрватското крајбрежје, предизвикувајќи проблеми во поморскиот и копнениот сообраќај. Невремето почна вчера, а метеоролозите најавуваат дека слична ситуација се очекува и денеска и утре.
Во прекин се бројни траектни, бродски и катамарански линии – од северен Јадран до Дубровник, јави Индекс. Поројниот дожд ги поплави крајбрежните шеталишта, а црвен аларм е во сила за подрачјето на Истра и Лика и Горски Котор.
Хрватски авто-мото сојуз информира дека поради силниот ветер на некои патишта сообраќајот е ограничен само на патнички, додека на камионите и автобусите им е забрането движење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети
-
Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија
-
Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија
-
Преглед на вести од светот
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата