Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

Претседателката Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на проектот.
-Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици. Според неа, со сè помалобројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области. Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и поради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа, се наведува во соопштението на Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, укажа Сињановска-Давкова, продуцираат некритична и послушна „интелигенција".
-Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средното образование, со преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера. На крајот претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација, се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
-

Без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба, без вода корисниците од една улица во Нерези
-

Врнежи од дожд, на планините снег
