Свет
8. December 2022 - 8:54

Силен земјотрес во Русија

Силен земјотрес го погоди рускиот регион Кавказ. Како што пренесува EMSC, земјотрес бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во руската република Дагестан, на 85 километри од главниот град Махачкала.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, а информации за штети и повредени се уште не се познати.