Си-Ен-Би-Си: „Фејсбук“ се во проблеми, не знаат како да потрошат 52 милијарди долари

Фејсбук има проблем од 52 милијарди долари – иако компанијата има поеќе пари од речиосите сите американски фирми, Вашингтон толку „им се наострил“ на лидерите на социјални мрежи и тоа му претставува пречка при големи аквизации, јави Си-Ен-Би-Си.
За Дејвид Венер финансиски директор и Марк Закерберг, основач на Фејсбук, толкава количина готовина претставува фасцинантен проблем.
Фејсбук не исплаќа дивиденти на акционерите, но дури и на додавање дивиденда од два отсто на неговите акции, би биле потрошени само 11 милијарди долари годишно.
Во меѓувреме, Фејсбук успори темпо на откуп на свои акции оваа година, откако на тоа потроши повеќе од 11 милијарди долари во 2018 година кога акциите паднаа дури до 124 долари. Моментно цената им е 200 долари, наведува Си-Ен-Би-Си.
Нивото на капитални инвестиции на компанијата би требало да остане непроменето и следните години, се вели во извештајот за третиот квартал.
– Постојат реални политички ограничувања за тоа што можат тие да направат, вели Саманта Маклимор, портфолио и менаџер во Мелер вејл партнерс од Балтимор, фирма што поседува 387.000 акции на ФБ, а ја основа познатиот инвеститор Бил Милер.
– Големите технолошки компании само трупале готовина, додава таа.
– Политичките проблеми на Фејсбук ја намалуваат веројатноста дека таа готовина ќе ја искористат за некоја голема аквизиција, смета Џон Фримен, аналитичар во ЦФРА.
Сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен го критикуваат купувањето од Фејсбук на Инстаграм и Вотсап и изнесоа трвдења дека администрацијата на Обама и на Трамп дозволиле големите технолошки компании да станат исклучително моќни благодарение на недостиг од антимонополски закони.
Ново на Сител
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
