„Инстаграм“ воведува „Инстанти“ - 24-часовни објави со слики што ќе се гледаат само еднаш

„Инстаграм“ го објави глобалното пуштање на новата функција наречена „Инстанти (Instants)“, која овозможува споделување автентични фотографии што исчезнуваат. Функцијата, по тестирањето со избрани корисници, овозможува споделување фотографии што ќе бидат достапни за преглед само еднаш и ќе останат видливи 24 часа.
Апликацијата е инспирирана од социјалните платформи како „Снепчат“, „Локет“ и „Биријал“, нагласувајќи автентична и краткотрајна содржина. Според „Мета“, замислата е да се споделуваат автентични мигови додека се случуваат. За разлика од вообичаената содржина на „Инстаграм“ што често се уредува, „Инстанти“ се дизајнирани за мигови – брзи и во реално време. Сликите се снимаат во рамките на апликацијата и не е дозволено уредување на сликата. Форматот не дозволува ниту прикачување од галеријата и иако е можно да се додаде текст, па понатамошното уредување не е можно.
„Мета“, исто така, го тестира „Инстанти“ како самостојна апликација во одредени подрачја и земји како Шпанија и Италија. Корисниците можат да снимат „Инстант“ со допирање на мини-купот фотографии во долниот десен агол од нивното сандаче на „Инстаграм“-профилот. Откако ќе споделат „Инстант“-фотографија, примателите можат да реагираат со емотикони, да одговорат или да испратат свој „Инстант“.
„Инстаграм“ ќе ги складира споделените „Инстанти“ во приватна архива што корисниците можат да ја гледаат до една година. Исто така е можно да ги соберете сликите од архивата во преглед и да ги објавите во „Приказните (Instagram Stories)“.
Ако случајно споделите „Инстант“, ќе може да се допре копчето „врати“ и да ја избришете содржината од архивата за да го повлечете од пријателите кои сè уште не го отвориле.
Ако не сакате да добивате „Инстант“-објави, може да е исклучи. Може, исто така, да блокирате или исклучите одредени луѓе. „Инстаграм“ се враќа на своите корени, сосредоточувајќи се на понеформални и приватни интеракции меѓу пријателите преку споделувањето слики. Од друга страна, пак, некои критичари велат дека, на пр., сличниот концепт на „Бириал (BeReal)“ веќе не е толку популарен и многу корисници веќе ги користат „Приказните“ за брзи, неформални ажурирања. Затоа, дополнителна функција, како што велат познавачи – не е потребна.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи
-

33-годишник со месеци силувал малолетничка додека престојувал во нивниот дом во светиниколско
-

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства
