-->
-->
Шведска останува енигма за Македонија
-->
Шведска и со драстично ослабен состав е преголем залак за македонската ракометна репрезентација. Иако капитенот Кире Лазаров и пикерот Стојанче Стоилов имаа завидна минутажа на вечерашниот дуел, сепак „викинзите“ беа селекцијата која на крајот славеше лесна и убедлива победа со двоцифрена разлика, 32-20.Селекторот на Македонија, Данило Брестовац им даде можност за настап на повеќето ракометари, но брзината, дисциплината во нападот и малиот број грешки беа адутот на противничката селекција. Кај Македонија одбраната не функционираше на потребното ниво, ако не се земат предвид неколкуте одбрани на Митревски и посебно на Томовски во вториот дел.
Левото крило Хампус Ване беше најекспонираниот шведски ракометар кој и задаваше најголеми маки на нашата селекција уште во првото полувреме.
На средината на првиот дел имавме нерешено 9-9, оттука серијата на Шведска одеше до 14-9 и постојано „жолто-сините“ беа во предност.
Полувремето го добија со 16-11, со шесте гола на Ване и четирите на Лазаров (3 од пенал дотогаш).
Во второто полувреме, Шведска засили уште повеќе, па за десетина минути имаше превисоки 24-14, за на крајот конечни 32-20.
Кај Македонија најпрецизен беше Кире Лазаров со 5 гола, а Ване со 11 погодоци беше најефикасен кај Шведска.
Поповски, Пешевски, Танкоски, Стоилов и Костески погодија по двапати за нашата репрезентација, а Персон со 6 и Дарј со 4 гола допринесоа во победата на Швеѓаните.
За 2 дена Македонија игра против домаќинот Египет, а Чиле ќе и се спротистави на Шведска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
