Шведска ја прекина истрагата против Асанж
Иако обвинувањата за силување се „кредибилни“, нема доволно докази за да се осуди основачот на Викиликс, изјави шведскиот обвинител.
Обвинението е за напад на две жени во Стокхолм во 2010, а Асанж постојано ги отфрлаше обвинувањата тврдејќи дека станува збор за завера на Вашингтон со цел тој да биде екстрадиран во САД.
Неколку месеци пред ова шведскиот суд одлучи дека нема потреба од приведување на Асанж.
За да го избегне шведскиот налог за екстрадиција, Асанж од 2012 беше засолнет во еквадорската амбасада во Лондон. Ова траеше се до април годинава кога новиот еквадорски претседател, Ленин Морено, порача дека Асанж ги прекршил условите за азил, по што беше протеран од амбасадата. Веднаш по ова тој беше приведен од британските власти.
Асанж моментално служи 50-неделна затворска казна во Британија за прекршување на условите за кауција. По завршувањето на казната во Британија на него му се заканува екстрадиција во САД, каде треба да одговара за објавувањето на доверливи документи на Викиликс.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце