Шулц побара останување на Грција во еврозоната

Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, денеска се изјасни за останување на Грција во еврозоната, откако во неделата за германско радио кажа дека на Атина може да и се наметне да воведе друга валута, доколку Грците на референдумот ги отфрлат строгите услови за финансирање на нивната спасувачка програма, пренесе БТА.
Шулц пред новинарите во Стразбур изјави дека, според него, грешат оние кои сакаат да ја расцепат еврозоната.
-Моето лично мислење е дека нашата цел не може да биде Грекзит, изјави тој.
Во одговор на новинарско прашање тојк посочи дека никогаш не повикувал на оставка на грчкиот премиер Алексис Ципрас или на грчката Влада.
Во интервју за весникот „Ханделсблат“, објавено пред референдумот во Грција, Шулц изрази надеж дека, Грците ќе кажат „да“ на очекувањата на кредиторите, потсети ТАСС.
- Тогаш Ципрас, според мене, треба да поднесе оставка и неизбежни ќе бидат нови избори, изјави шефот на ЕП, дополнувајќи дека, сепак, ќе има техничка преодна влада, така што преговорите ќе можат да бидат обновени.
„Ако преодната влада најде прифатливо решение со кредиторите, тогаш времето на СИРИЗА ќе помине“, рече Шулц, имајќи ја предвид владеачката коалиција на радикалната левица.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Николовски, професор по безбедносни науки
-

Општина М.Брод ќе субвенционира 50% од сумата за возачки за средношколците кои ќе се запишат во СОУ „Свети Наум Охридски“
-

Четворица кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Брвеница
-

Премиерот најави дека МВР следи неколку случаи за барање мито во државни институции
-

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
