-->
-->
Што мисли Меси за Роналдо?!
-->
Лионел Меси и Кристијано Роналдо без сомнеж се двајцата најдобри играчи на денешницата. Овие двајца од 2007 година досега ги поделија наградите за најдобар играч во светот, со што само ја зацврстија својата фудбалска доминација.
Никој не спори дека Меси и Роналдо се двајцата најдобри во светот на фудбалот, нивното ривалство е честа тема во медиумите, а многумина се прашуваат дали покрај ривалството меѓу нив двајца се развило и пријателство.
Меси, за аргентинскиот магазин El Grafico, на ова прашање понуди дипломатски одговор.
„Ние сме професионалци кои ги бранат боите на своите клубови, ние сме ривали во оваа игра и ништо повеќе. Понекогаш победуваме, понекогаш губиме. Него секогаш сум го почитувал и ништо повеќе од тоа“, рекол Аргентинецот.
Меси оваа сезона на 66 натпревари има учинок од 60 голови и 24 асистенции, додека Кристијано Роналдо на исто толку натпревари, има учинок од 68 голови и 21 асистенција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд