Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
Македонскиот денар слави 32 години. По тој повод на Екомонскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)- Штип денеска се одржа предавање на кое студентите можеа да се запознаат со почетоците на македонскиот денар и неговата стабилност како платежна валута. Универзитетскиот професор на Економскиот факултет во Штип, Љупче Давчев вели дека денарот е стабилна валута, која поминала низа препреки во минатото.
-Денот на денарот е денот на македонското монетарно осамостојување и ја воведуваме единицата денар за основна платежна валута во Македонија. Денарот повеќе години ја држи својата стабилност и помина повеќе препреки во кои остана стабилен како валута. Монетарната власт е една од најстабилните институции во областа на финансиите, која ја одржува стабилноста на денарот, а преку тоа и стабилноста на целокупната економија во државата, вели Давчев.
Студентите денеска имаа можност да проследат презентации од преставници од банки, со цел да се запознаат со професијата банкар. Големиот број на банки во државата е една од причините поради што и расте интересот кај младите за изучување на професијата банкар.
Ново на Сител
-
Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост
-
Конзулатот е во комуникација со семејството на починатото девојче во Италија, велат од МНР
-
Во Милан очекуваат ветеранот Лука Модриќ да има лидерска улога во тимот
-
Николоски: Планина поместивме да го изгрaдиме експресниот пат од Фариш до Дреново
-
Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан
-
Би-Би-Си: Сателитски снимки покажуваат санација на штетата во иранскиот нуклеарен погон Фордо
-
Фон дер Лајен: Договоривме „Компромис од Севиља“ за затворање на јазот во финансирањето на развојот
-
Кривични за директорот на „Национален парк Маврово“ и вработен во Министерство за шумарство