Штипски „Исар“ инвестира во комуналната хигиена во населбата „Три чешми“
Штипското јавно претпријатие „Исар“ ги расчисти сите диви депонии во проградската населба „Три чешми“. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека ќе обезбедат нови контејнери за несовесните граѓани да не создаваат повторно диви депонии.
- Деновиве планираме во населбата да поставиме нови најмалку пет метални контејнери за ѓубре. Тие ќе бидат поставени во самата населба, се со цел исфрлањето на смет на граѓаните да им биде олеснето, вели Бојаџиев.
Истакна дека во изминатиот период општина Штип и ЈП „Исар“ инвестирале во неколку инфраструктурни проекти во приградската населба „Три чешми“.
- Овде во населбата се асфалтираа шест улици, потоа се обнови патот до Сушево, каде ЈП „Исар“ долж него постави клупи и засади дрвца кои редовно ги одржува, рече Бојаџиев.
Апелира граѓаните да внимаваат и да го заштитат она што општината го има изградено со парите од буџетот на општината.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“