Штипската Клиничка болница доби донација вредна над 300.000 евра

Штипската Клиничка болница денеска доби донација вредна над 300.000 евра од австриската невладина организација „Хил Коде“.
Со нови електрични кревети со душеци, постелнина, ЕКГ апарти, инкубатори, иналидски колички, бироа и лекови се подновија сите одделенија во Клиничката болница-Штип во која секојдневно услигите ги користат потенцијални над 200.000 пациенти од источниот регион.
Марта Рајтер од НВО „Хил Коде“ од Р.Австрија вели дека првпат донираат медицинска опрема, помагала и лекови во Македонија, а за штипската Клиничка болница слушнале од Јонче Атанасов од Општина Конче, кој неколку пати го вршел транспортот на вакви донации во неколку земји на Балканот.
- Ова е 45-ти хуманитарен транпсорт во рамки на нашето 10 годишно постоење. Досега вакви донации имаа во Косово, Маџарска, Словачка, кога и беа поплавите во Србија. Се надевам дека оваа прва донација за болница во Македонија нема и да биде последна, вели Рајтер.
Директорот на Клиничка болница-Штип лекарот Александар Стојановски вели дека ова е голема донација за пациентите од источниот регион.
- Целокупната опрема значи подновување на некои од нашите одделенија, што се однесува за креветите посебно ќе значи за Интензивна нега, Кома центарот, потоа во Физикална ќе бидат однесени дел од премата. Имаме ЕКГ апарти добиено, за педијатрија инкубатори. Значи разноврсна опрема со која ќе бидат покриени, сите одделенија, изјави Стојановски.
Јонче Атанасов од Општина Конче кој неколкупати соработувал со австриската организација „ХИЛ Коде“ изрази надеж дека ќе следуваат и донации и за други болници, а истата организација, подвлече, донира и училишни помагала.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
