Штип реализира проекти во вредност од 2.600.000 евра
Општина Штип во моментов реализира над 50 инфраструктурни проекти, чија инвестициска вредност изнесува над 161.471.000 денари, потенцираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
- Во Штип интензивно се градат нови или се санираат и обновуваат вкупно 32 улици во градот. Се градат новите улици во близина на објектот „Луна Комерц“, како и улиците „11 Конгрес“ и 6. и 7. во населба Баби, две улици кај Радански пат и шест улици кај Сончев Град кај населбата Дузлак. За улиците во градот, Општина Штип во моментов вложува вкупно 38.353.441 денари. Предвидена е и изградба на пристапен пат за населбата Суитлак, пристапни улици во населба Горна Железничка, во Блок 2000, како и многу други проекти. Освен за улици, се вложува и во патната инфраструктура, со тоа што се градат нови тротоари, како на пример оној кон Кампус 4 на УГД, но и се обновуваат старите, како тротоарот кон Клиничка болница, на улицата „Козјак планина“, вели Бочварски.
Тој истакна дека во моментов се реконструира игралиштето во населба Блок 2000, а исто така се поставени десет активни зони за вежбање. Се поставуваат канализациски мрежи во населбите Баби и Суитлак и се врши поврзување на новите бунари во системот за бунарско обезбедување со вода што чини 1.200.000 денари. Во село Љуботен се врши реконструкција на водоснабдителниот систем.
- Реализацијата на проектот со обиколницата е во финални чекори, а се очекува наскоро да започне и втората фаза од овој проект. Во финална фаза е и фонтаната кај платото пред пензионерски дом. Обезбедено е улично осветлување за новите изградени улици, и тоа во населбите Сењак 3, во Блок 2000, во населба Баби. Уличното осветлување вкупно ќе чини 1.975.645 денари, вели Бочварски.
Општина Штип треба да почне и со изградбата на новата детска градинка во населбата Сењак, а тендерската постапка треба да заврши на 10 август. За овој проект од буџетот на општината се издвоени 20.279.441 денари, а државата партиципира со 16.592.269 денари.
- Во сите набројани проекти чија вкупна вредност изнесува 161.471.891 денари, Општина Штип партиципира со 142.780.543, а остатокот се добиени од државата. Општина Штип, која во ноември 2017 година имаше само 3 милиони денари на сметката, сега, само десет месеци подоцна, инвестира 142.780.543 денари во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на нашиот град, рече Бочварски.
Штипскиот градоначалник рече дека во тек се и изработката на документацијата за изградба на брана на река Отиња и за изградба на секундарна гасификациона мрежа во должина од 20 километри.
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
