Штајнмаер смета дека има реална закана од распаѓање на Европската унија
Постои реална закана од распаѓање на Европската унија, изјави германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за весникот „Зидојче цајтунг".
- Финансиската криза, бегалскиот бран во Европа и шокот од британскиот референдум предизвикаа сериозен потрес во Европската унија, вели Штајнмаер, цитиран од ДПА.
- Настаните од последните години, во кои се повеќе земји во ЕУ ја доведуваат во прашање политиката на Брисел, покажаа дека политичките реалности, кои многумина ги сметаа за усвоени, сега се под сомнение, продолжува германскиот дипломат. Од овие стравувања ќе профитираат десните популисти, кои покажуваат со прст на неуспесите на ЕУ, додава тој.
- Дури и заколнатите приврзаници на Европа се свесни дека треба одново да се убедат луѓето, вели германскиот министер за надворешни работи, цитиран од ДПА.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори