Штајнмаер: Партиските лидери да најдат решение за политичката криза

Политичките лидери да се ангажираат во преговорите водени од еврокомесарот Јоханес Хан за надминување политичката криза во Македонија, која го отежнува евроатлантскиот пат на земјата.
Ова го изјави денеска во Виена министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер во врска со преговорите на еврокомесарот Хан со четворицата македонски партиски лидери кои се одвиваат денеска во Скопје.
- Би било штета, а и чекор назад за целиот регион на Западниот Балкан, доколку политичката криза во Скопје, која трае извесен период, би го отежнала натамошниот пат на земјата кон евроатлантските структури. Но, тоа не смее да биде последниот збор. Затоа ги повикувам сите страни сега да ги приближат ставовите и да учествуваат на денешните преговори на комесарот Хан со цел да се надмине кризата и да се одржат избори кои на сите им обезбедуваат исти можности, порача Штајнмаер.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
