-->
-->
Шпанскиот суперкуп за Атлетик Билбао
-->

Фудбалерите на Атлетик Билбао се освојувачи на Суперкупот на Шпанија. Атлетик втор пат во својата историја го освои Суперкупот, првиот трофеј го освоија пред 31 година.
Атлетик трофејот во Суперкупот го освои откако во двомечот беше поуспешен од Барселона. Првиот меч во петокот заврши со победа на Баските од 4:0, додека во реваншот на „Ноу Камп“ немаше победник, мечот заврши со резултат 1:1.
Со оглед на резултатот во првиот меч Атлетик влезе како фаворит во реваншот но Барса немаше намера лесно да се предаде. Актуелниот европски и шпански првак го диктираше ритамот на играта но гол успеа да постигне дури во 44.минута, кога акцијата на Ракитиќ и Суарез во гол ја претвори Меси.
Голот во финишот на првиот дел значеше уште поголем притисок на Барса во второто полувреме, но надежите дека избраниците на Луис Енрике ќе можат да направат чудо ги урна Пике кој поради неспортско однесување доби црвен картон во 59.минута.
Предноста од играч повеќе Атлетик ја искористи во 74.минута кога Адириц го совлада Калудио Браво и го постави конечниот резултат.
Во финишот на мечот црвен картон доби играчот на Атлетик Сола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
-

Од мотор во движење пукано кон „ауди“ кое го возел 34-годишен кумановец
