Шпанската полиција изврши рација во куќата на Мароканецот кој уби црковен службеник и рани свештеник во градот Алгерисас
Шпанската полиција денеска изврши рација во домот на Мароканец кој е приведен за напади со мачети во две католички цркви во градот Алгерисас, на југот од земјата, во кои вчера беше убиен црковен службеник, а ранет еден парохискиот свештеник.
Полицијата се уште го истражува мотивот за вчерашните напади, а судија од Националниот суд го истражува инцидентот како можен терористички акт.
Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека се верува дека осомничениот делувал сам и дека полицијата го пребарала неговиот дом за да ја утврди природата на нападот, пренесоа американските медиуми.
Осомничениот е марокански државјанин кој немал криминално досие, ниту во Шпанија, ниту во која било друга држава, соопшти шпанската полиција.
Осомничениот од јуни минатата година бил под наредба за депортација поради неговиот статус на илегален мигрант во Шпанија.
Очевидци изјавија дека во вториот инцидент напаѓачот скокнал врз олтарот на црквата Нуестра Сењора де ла Палма, држејќи мачета, го нападнал црковен службеник во црквата, а потоа го убил на градскиот плоштад. Мароканецот претходно ранил и свештеник во црквата Сан Исидро.
Селезијанскиот религиозен ред денеска соопшти дека свештеникот е надвор од животна опасност.
Алгесирас е космополитски пристанишен град и прва точка на пристигнување на многу бродови што превезуваат мигранти од Северна Африка.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило