„Шпанија во срцето“ со виолинистот Ѓорѓи Димчевски

„Шпанија во срцето“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија, на кој солист ќе биде македонскиот виолинист со светска кариера Ѓорѓи Димчевски - концерт-мајстор на Националниот оркестар на Шпанија. Концертот ќе го води диригентот Рикардо Касеро - музички директор на оркестарот Реино де Арагон во Шпанија.
На програмата се Симфониската рапсодија „Шпанија“ од Емануел Шабрие, Интродукција и рондо капричиозо од Камиј Сен-Санс, Цигански напеви оп. 20 од Пабло Сарасате и грандиозната Симфонија бр. 1 во Д-дур (Титан) од Густав Малер.
Виолинистот Димчевски од 2007 година е концерт-мајстор на Оркестарот Валенсија, кој концертира во Палатата на уметностите на кралицата Софија. Во 2015 година е назначен за професор по виолина на постдипломските студии за музичка интерпретација на Меѓународниот универзитет во Валенсија. Димчевски е специјален гостин на последното цеде на славниот оперски пејач Пласидо Доминго, насловено „Encanto del Mar““. Свири на виолина „анџело де руб“ од Рим од 1750 година.
Филхармонијата соопшти дека на концертот „Шпанија во срцето“ како концерт-мајстор ќе се претстави и Благоја Димчевски, професор на Конзерваториумот во Тулуз, кај кого учеле голем број македонски и светски виолинисти.
Ново на Сител
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
