Шокантна изјава на претседателот: Би можел да изедам црниот дроб на терорист со сол и оцет

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте предупреди денеска дека би можел да биде 50 пати полош од муслиманските екстремисти во таа земја, кои јавно отсекуваат глави и нагласи дека би можел да му го изеде црниот дроб на терорист фатен жив, доколку во тој момент биде во лошо расположение.
Тој им нареди на владините сили да ги убиваат муслуманските екстремисти, кои се во бегство, откако беше осуетен напад во централната покраина Бохол позната како туристичко место, порачувајќи им на војниците да не му ги носат „живи екстремистите“, кои ги нарече „животни“.
- Доколку сакате да бидам животно, можам. Ние сме исто. Можам и јас тоа да го правам и да бидам 50 пати полош, рече Дутерте.
Во говорот на отворањето на локален спортски турнир филипинскиот претседател изјави дека ако му доведат жив терорист додека е во лошо расположение, „треба само да му дадат оцет и сол и оти ќе му го изеде црниот дроб“.
- Вистина е, ако ме налутите, додаде Дутерте.
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
