Шојгу: Америка го уништува светскиот поредок

САД, заедно со нејзините западни партнери редовно ги уништува темелите на светскиот поредок, започнувајќи од Босна и Херцеговина и Косово па до Ирак и Либија, изјави министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
Оваа изјава на Шојгу, доаѓа по обвиненијата на шефот на Пентагон, Ештон Картер, кој истакна дека Русија ги поткопува основите на светскиот поредок.
- Русија од времето на операцијата САД-НАТО за разбивање на Југославија, предупредуваше на крајот што ќе донесе ваквата акција, наведува Шојгу.
Тој нагласи дека секој пат, правејќи ги истите грешки во Ирак, Авганистан, Либија и другите земји, американските колеги никогаш не извлекуваат какви било заклучоци.
Според мислењето на шефот на Министерството за одбрана, време е САД да ја промени стратегијата и да не ги оправдуваат нивните проценки со обвинување на Русија, Кина и другите земји кои имаат независен поглед на работите.
Шојгу додаде дека не треба да се меша светскиот поредок со Американците, бидејќи заштитата на светскиот поредок е природна обврска на целата меѓународна заедница, а не само на Пентагон.
- Русија секогаш се труди да се зачува праведен и повеќеполарен свет во интерес на сите држави. Колку порано нашите американски колеги го разберат тоа и почнат да се менуваат, порано ќе се решат насобраните несогласности. При тоа, не станува збор само за Сирија, заклучи Шојгу.
Картер во говорот кој го одржа на Универзитетот во Оксфорд, изјави дека Русија сака да ги поткопа основите на светскиот поредок.
Тој додаде дека САД не бара непријател во Русија, но дека ќе ги штити сојузниците, основите на светскиот поредок и светлата иднина која ни ја обезбедува.
Ново на Сител
-

Политички импулс без пресврт: Што носи Самитот ЕУ – Западен балкан?
-

Тема на денот со Александар Николовски, младински активист од Студентаријамк
-

Групацијата Флекс донираше куќичка за желките во скопската зоолошка
-

Eвроамбасадорот Рокас шокиран од состојбата на струшката депонија
-

Законот за правична застапеност во собраниска процедура
-

Без напредок во реформите, бугарските европратеници порачуваат: „Македонија сама си става вето“
-

Муцунски: Кај европските лидери постои засилен интерес за поттикнување дијалог меѓу Скопје и Софија
-

Вучиќ ќе оди во Тиват и покрај безбедносните ризици - тензии на релација Подгорица-Белград
