Шмајхел најави можен крај на кариерата поради тешка повреда

Голманот на Селтик и дански репрезентативец Каспер Шмајхел, најави денеска дека постои можност да ја заврши кариерата поради тешката повреда на рамото за која ќе бидат потребни две операции и долго закрепнување.
Триесетидеветгодишниот дански голман објави дека ја добил дијагнозата по денешниот специјалистички преглед, откако минатиот месец ја обнови долгогодишната повреда на левото рамо на дуелот против Штутгарт во Лига на Европа.
„Ова е тежок удар. Ги скинав бицепсот, ротаторната манжетна, го изместив рамото, го оштетив лабрумот, практично сè е оштетено. Закрепнувањето ќе трае помеѓу 10 и 12 месеци“, изјави Шмајхел за CBS Sport.
Тој додаде дека му е тешко да ја прифати можноста дека веќе го одиграл последниот натпревар во својата кариера.
„Фудбалер сум откако знам за себе и помислата дека ова може да биде крајот е разорна. Многу ми е тешко да го разберам тоа сега“, рече искусниот голман.
Шмајхел, кој нема да биде во составот на Данска за претстојниот плејоф натпревар против Македонија, на 26 март во Копенхаген за пласман на Светското првенство, објави дека операцијата ќе биде извршена в петок, најавувајќи оти нема да се откаже од враќање на теренот.
МИА
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
