Шкотските конзервативци против Трамп како претседател на САД

Лидерот на шкотската Конзервативна партија, Рут Дејвидсон изјави денеска дека не би сакала Доналд Трамп да го види како американски претседател.
Во интервју за британската телевизија Ај-Ти-Ви, таа рече дека „ не би било добро“ доколку по изборите во САД, во ноември, Трамп влезе во Белата куќа.
„Имам голема верба во Американците, дека тие нема да се определат за него (за Трамп)„- изјави Дејвидсон, која важи за близок сојузник на британскиот премиер и лидер на британските ториевци, Дејвид Камерон.
Определувањето на шкотските конзервативци против водечкиот претендент за кандидат на Републиканската партија на САД, доаѓа по најновите изјави на Трамп за односите со Британија, доколку тој биде претседател.
Во разговор за истата британска телевизиска компанија, Трамп се повлече од претходната изјава околу Брекзит, во која отворено заговараше Британија да ја напушти ЕУ.
- Не правам разлика за тоа дали Британија ќе биде во Унијата, или надвор од неа, рече овојпат Трамп, објаснувајќи дека тоа е работа на британските гласачи.
Тој меѓутоа, им порача на Британците дека доколку влезе во Белата куќа, нема да ги остави „на крајот од редот“ за правење посебен трговски договор со САД, ако се определат за излез од ЕУ.
Ваквата изјава е различна од пораките на претседателот Барак Обама, дадени при неговата неодамнешна посета на Лондон, во кои тој отворено се заложи за останување на Британија во Унијата, обаснувајќи го тоа како витално и за САД, туку и предупреди дека земјата ќе биде на „крајот од редот„ кога ќе сака да склучи трговски договор со Америка.
Трамп исто така, рече дека не верува оти со Камерон ќе има блиски односи, потсетувајќи на острите критики на британскиот премиер, против заложбите на републиканскиот претендент, да им се забрани влез на Муслиманите во САД, како одговор на заканите од Исламска држава (ИД).
Портпаролот на Камерон реагираше со изјава за тоа дека премиерот останува на минатогодишните коментари за тоа дека заложбите на Трамп се „глупави и погрешни“.
Отвореното определба на Рут Дејвидсон против Трамп, како американски претседател, е прв случај британските конзервативци да бидат против еден американски републиканец.
Ново на Сител
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
-

Имамоглу собра над 25 милиони потписи за претседателска кандидатура, тврди опозицискиот лидер Јозел
-

Жртвите од поплавите и лизгањето на земјиште во Индонезија надминаа илјада лица
-

Захарова: Ако ЕК сака, нека „ја напушти планетата додека постојат Руси“
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
