-->
-->
Шишковски и Велковски со А репрезентацијата за дуелот со Израел
-->
Репрезентативците на Македонија до 21 година, Дарко Велковски и Дамјан Шишковски ќе се стават на располагање во најдобриот наш национален тим за натпреварот со Израел на 6. октомври во Скопје. Игор Ангеловски и Благоја Милевски, селекторите на Македонија во заеднички договор се согласија дека двајцата фудбалери можат да помогнат доколку е потребно за натпреварот кој го играме на домашен терен.
- Ова е уште една потврда за нашата добра соработка. Се согласивме дека доколку има потреба Велковски и Шишковски можат да помогнат и да бидат во комбинација за настап за А репрезентацијата. По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година, истакнаа предводниците на репрезентацијата до 21 година и селекторот на А репрезентацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло, температурата до 36 степени
-
Мажите мора да служат војска | Димитар Атанасовски | Лабави муабети | Sitel Podcast 44