Шилегов во „Веро Џамбо“ скенираше фискална сметка на новоотворениот штанд на „Мој ДДВ“
Во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје денеска се отвори штанд на проектот „Мој ДДВ“, преку кој на граѓаните им се враќа 15 отсто од пресметаниот ДДВ, на кој фискална сметка скенираше и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
– Задоволство ми е да се приклучам во промоцијата на проектот „Мој ДДВ“ кој бележи одлични резултати. Апликацијата „Мој ДДВ“ ја симнале околу 170.000 граѓани, скенирани се точно 4.604.000 фискални сметки со кои е остварен промет од околу 2,5 милијарди денари. Секој граѓанин може и би требало да сака да биде на свој начин контролор на фискалниот промет во нашата држава. Ваквата акција овозможува секој од нас да придонесе за збогатување на нашиот семеен буџет, но исто така да придонесеме за зголемување на буџетот на државата, на градот и на општината. Тоа значи повеќе пари во буџетот на државата, со кои се градат нови улици, булевари, градинки, училишта, паркови и слично, изјави Шилегов.
Тој ги повика граѓаните да се приклучат на проектот и да скенираат сметки затоа што, нагласи, така сите заедно ќе овозможиме поквалитетен живот.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата