Шилегов: Потребни се итни реформи во судството

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов денеска изјави дека се потребни итни реформи во судството бидејќи граѓаните не можат да ги остварат своите права пред судовите затоа што кај дел од нив е блокирана работата.
Презентирајќи документ од Основниот суд во Неготино, портпаролот на СДСМ рече дека судот е блокиран и не може нормално да работи бидејќи судии се префрлаат во судовите во Скопје.
Според него, една од судијките која е префрлена од Основниот суд од Неготино во Скопје е судијката Александра Поп Стефанија, која, како што рече, е една од оние кои ја кочат работата на Специјалното јавно обвинителство.
- Поп Стефанија беше назначена за судијка во Одделот за организиран криминал од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски, спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот. Токму оваа судијка е една од најекспонираните во кочењето на работата на Специјалното јавно обвинителство, посочи Шилегов.
Одговарајќи на новинарски прашања што очекува СДСМ од посетата на еврокомесарот Јоханес Хан во четврток, портпаролот на СДСМ рече дека очекуваат да се потврди заложбата за формирање на политичка влада којашто ќе ги донесе потребните промени.
Во врска со преговорите со албанските партии за создавање мнозинство од 61 пратеник, Шилегов рече дека денеска имаат внатрепартиски консултации, а доколку има нови средби, граѓаните ќе бидат известени.
Ново на Сител
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
-

Мицкоски на свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“
