Македонија
2. јуни 2026 - 12:14

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и да биде ко-претседавач на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора на 5 јуни.