Шилегов: Интензивно се гради Борис Трајковски до Драчево
- Вршиме увид во интензивните градежни активности за проширување на бул. Борис Трајковски на потегот од Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. Со тоа Драчево конечно добива брза врска со остатокот од градот, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција во Драчево.
- Во должина од 2.325 метри се врши проширување од 2 на 4 коловозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна со ширина од 2,75 метри, додава Шилегов
Во продолжение тој потенцираше дека овој булевар е од исклучителна важност скопјани, а особено за жителите на населбите Драчево и Пинтија, но и за населбите од соседните општини Студеничани, Сопиште и Зелениково, како и за локалните бизниси сместени по должината на овој булевар.

- Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница, заради што крстосницата пред мостот кај Драчево предвидено е да биде заменета со модерен кружен тек, додаде Шилегов.
- Ова е само уште еден од многуте докази дека Скопје е град за сите и секоја населба е подеднакво важна, без разлика на нејзината оддалеченост од центарот на градот. Работиме на развој на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот во сите скопски општини и заради тоа е потребно да се одржи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство, за секоја населба и по изборите, нагласи Шилегов.
- Развојот на Скопје нема да запре, нема да назадува, затоа е важно да излеземе на изборите и да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје, заклучи Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
