Шест месеци затвор за лицето кое физички го нападна ЛГБТИ активистот Беким Асани
Основниот суд Струмица на 28 ноември го осудило лицето А.М. од Струмица на казна затвор од 6 месеци, виновен за дело од омраза за насилството врз ЛГБТ активистот Беким Асани, во август годинава во Струмица, соопшти организација „ЛГБТИ Јунајтед“.
„Имено, судот во својата пресуда го најде за виновен обвинетиот ‘затоа што на 8 август 2022 г. околу 19 часот во Струмица, на плоштадот ‘Гоце Делчев’, при одржување на настан организиран од Здружението ‘ЛГБТИ Јунајтед’ Тетово, од омраза што се однесува на сексуалната ориентација, телесно го повредил оштетениот Беким Асани од Тетово (н.з. претседател на здружението), на начин што му пришол додека оштетениот седел на клупа и со боксови и клоци го удирал по главата и телото нанесувајќи му телесни повреди – набиеници во пределот на вратот, граден кош, лева надлактица и стомакот“, велат од „ЛГБТИ Јунајтед“.
Според Асани, оваа пресуда е можеби мал, но важен чекор за правдата и се надева на брзи разрешници и за другите физички напади на кои беше мета изминатиот период. Асани смета дека со овие позитивните поместувања во кривично-правниот систем конечно ќе се стави крај на практиката на неказнивост на сторителите на ЛГБТИ-фобичен криминал од омраза.
Активистот во септември од пред Владата ги повика институциите итно да постапат кон идентификување на одговорните за физичките напади на кои беше жртва во тој период. Тогаш, тој најави дека ќе постави шатор во владата доколку не се казнат луѓето кои го нападнале.
Ново на Сител
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден