-->
-->
Шеснаесет луѓе повредени при принудно слетување во Ирска
-->
Шеснаесет лица се повредени кога авион на прекуокеански лет, поради ненадејни турбуленции, принудно слета на аеродромот Шанон во Ирска.
Авионот на американската компанија Јунајтид ерлајнс леташе од Хјустон во Тексас до лондонски Хитроу, јави Би-Би-Си.
Четиринаесет патници и двајца членови на екипажот се пренесени во болница од аеродромот.
До принудно слетување дојде заради „неочекуваните турбуленции“, соопштија од авиокомпанијата.
Авионот бил пренасочен кон аеродромот Шанон во Ирска каде патниците ги пречека лекарска екипа, се наведува во соопштението.
Повредените патници и екипажот се пренесени во болницата во Лимерик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кејт Мидлтон го откажа своето присуство на коњичките трки „Ројал Аскот“
-
По седум години повторно се отвора комплексот „Македонско село“
-
Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи
-
ФА: Мудрик пред четиригодишна суспензија
-
Гвардиола го избра Силва за нов капитен
-
Порази на Ивановски и Стоилковска
-
Светскиот рекордер Домен Превц доби споменик на Планица
-
ФИФА: Продадени 1.5 милиони влезници за Светското клупско првенство