Шекеринска во посета на Центарот за обуки на пилоти

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Од Министерството за одбрана најавија дека министерката Шекеринска ќе се обрати по повод новиот конкурс за кандидати за обука за воени пилоти.
Конкурсот за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата е во тек и трае до 1 август. На него може да аплицираат државјани на Република Северна Македонија, не постари од 28 години, со завршен прв циклус на студии односно со стекнати најмалку 180 кредити.
Кандидатите во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка – селекција на земја, проверка – селекција во воздух.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
