Шекеринска на состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел

Во седиштето на НАТО во Брисел, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и денеска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата.
Во Брисел, Шекеринска освен на состаноците на Северноатлантскиот совет, ќе учествува и на состанокот посветен на мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе има и повеќе средби и состаноци со министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.
Македонија по добивањето на поканата за членство на почетокот на минатата година, во континуитет активно учествува на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на Алијансата.
Парламентот на Македонија го изгласа Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, а по завршувањето на последниот процес за ратификација во шпанскиот парламент, нашата држава ќе има и право на глас за сите одлуки кои се носат во НАТО, а се однесуваат на мирот, безбедноста и стабилноста во глобални рамки.
Министерката Шекеринска, вчера од Брисел изрази уверување дека ова е последен пат за Македонија да учествува како поканета земја.
-За последен пат учествувам како поканета членка, а не како полноправна членка, денес е денот кога во Република Македонија се објави официјално Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор и ја добивме веста дека шпанскиот Парламент ја прифати брзата трака за ратификација на нашиот протокол, нашето полноправно членство е прашање на денови, а не месеци или недели, рече вчера Шекеринска.
Таа порача дека на средбата „ќе покажеме дека не сме веќе тема на масата туку членка на масата.“
Македонија, потенцира таа, ќе учествува во дискусиите за иднината на присуството на НАТО во Ирак и Авганистан и е подготвена да го зголеми своето присуство во регионот.
-Уште во 2018 најавивме дека сме подготвени да го зголемиме учеството во Авганистан и бевме во преговори за техничките единици, а разговаравме за испраќање офицери во Ирак како дел од тренинг мисијата. Клучно е да се види кои се плановите на НАТО, а ние како земја што придонела многу ја оставаме можноста да го зголемиме учеството во овој важен регион, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.
Шекеринска во Брисел ќе се сретне со неколку колеги – министри за одбрана на земји – членки на НАТО, а со британскиот министер Бен Волис ќе потпише нов Договор за соработка во одбраната.
– Со овој нов договор за одбранбена соработка со Обединетото Кралство, буквално ги редефинираме нашите односи, бидејќи веќе сме третирани како членка на Алијансата и нашата одбранбена соработка ќе биде одбранбена соработка на две земји сојузнички, истакна министерката.
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
