Шекеринска и Димитров: До Самитот во Лондон ќе имаме амабасадор и воен претставник во НАТО
До самитот на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември ќе се знаат новиот амабасадор и новиот воен претставник на Македонија во Алијансата, најавија денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на диломатијата Никола Димитров.
– Северна Макеоднија до самитот на НАТО ќе има избран свој воен претставник во Алијансата. Нашите мисии се зајакнуваат – и во дипломатскиот и во одбранбениот дел. До крајот на годината се очекува да имаме и нови простории за нашата мисија, рече Шекеринска по средбата со шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.
Министерот Димитров очекува во наредните денови да биде завршена работата и околу назначувањето амбасадор во НАТО.
– Тоа ќе биде човек со искуство и со политичка тежина кој достојно ќе преставува во НАТО. Ако по 25 години сме на чекор пред влез во НАТО, ќе биде крајно несериозно ако политичките фактори кои учествуваат во постапката за именување амбасадори не успеат да го обезбедат тоа. Ќе биде исклучително лош сигнал ако полноправното членство го дочекаме со вршител на должност, истакна Димитров, сепак, изразувајќи увереност дека во наредните денови ќе биде назначен амбасадор во Алијансата.
Информира и дека во МНР веќе е подготвен нацрт закон за прифаќање на Северноаталаткиот договор во нашето Собрание со што и официјално Македонија ќе стане 30. членка на НАТО. Од тоа, посочи Димитров, не дели само една ратификација – во Шпанија, што очекува наскоро да се случи.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава