Шекеринска: Ги повикувам традиционалните медиуми да ни помогнат во борбата со лажни вести

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денес во Битола на новинарско прашање за тоа дека повторно Македонија се најде во светските медиуми за лажните вести, односно ботовите преку фејсбук во друштво овојпат со Филипини и прашањето што ќе направите и како партија и како влада да ја спречите црната кампања, ширењето на лажни вести, говорот на омраза пред се на социјалните мрежи најчесто на порталите.
Шеќеринска одговори: Владатa предложи одредена стратегија и пристап кон лажните вести и ние сме свесни дека тоа е опасна територија кадешто владата не треба сама тоа да го прави оти ќе се доживее како атак на слободата на мислата.
Меѓута лажните вести дефинитивно не се дел од слободите на граѓаните, напротив тие ги ограничуваат, се трудат да ги манипулираат граѓаните и да играат на картата на страв и лаги.
Јас ќе ги повикам сите претставници на како велите вие, традиционалните медиуми но и оние сите други којшто сакаат да видат политички процес во кој нема да доминираат лагите и плукањата, туку дебатата , аргументите, рациото да ни се приклучат во таа битка тоа дефинитивно нема да успееме да го направиме во изборна кампања, напротив претпоставуваме дека во тек на избрната кампања ќе има бројни обиди да се лаже, плаши и манипулира.
Тој што нема аргументи користи лаги, тој кој нема понуда користи плукање, тоа го гледавме и во минатото кога бевме опозиција, сега сме жртви на таква кампања и како власт, но ние баравме мандат од граѓаните за да бидеме демократи, а не автократи, затоа тоа нема да го правиме ни сега и заедно со медиумските претставници во нашата програма конкретно ќе се занимава со прашањето за лажните вести со нив нема да се справиме со казни, туку со вистина и со шанса да традиционалните медиуми практично да го чистат просторот и да даваат шанса повеќе за вистинските вести.
Нема конкретен одговор за ова бидејќи и светот за ова прашање се мачи, лажните вести не се користени само во нашата држава, напротив во сите земји во светот, исто како што е и Ковид19 така се соочуваме и со пандемија на лажни вести, и мотивите се секогаш исти, немаш аргумент и користиш лажни вести, додека тие се демнатираат поминал денот, утре нова лага.
Ние тоа го гледавме долги години, лажните вести дури беа стимулирани и од државни институции, со медиумите и граѓаните само може да се справиме против лажните вести.
Нашата политика во овие три години беше да не се шират лажните вести заради тоа што бевме целосно транспарентни, погледнете го однесувањето за време на пандемијата ниту еден податок не беше скриен од јавноста и затоа јавноста создаде доверба и во здравствениот систем и во целосното менаџирање на кризата и затоа ќе продолжиме и понатаму.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Дaнев, кандидат за ректор на УКИМ
-

Обвинителството тврди дека промената на обвинителката нема да влијае врз предметите за „Пулс“
-

Стартува реконструкцијата на охридскиот аеродром
-

Францускиот амбасадор вели дека гаранции се невозможни, Mицкоски подготвен да чека децении за уставните измени
-

Запленети 40 тони јајца на Табановце
-

Анкета: Голема поддршка за системот Безбеден град и законот кој треба да забрани пушење на јавни места
-

Треба да се даде поголема поддршка за социјалното претприемништво на младите, особено во малите средини
-

Органодарителство, хуманост што спасува животи
