-->
-->
Шеесет и две крводарувања во „Алијанс уан“ во Кавадарци
-->
Шеесет и две крвни единици беа собрани во рамките на денешната доброволна крводарителска акција, која беше спроведена во кавадаречката компанија „Алијанс уан“.
- Акцијата ја организиравме заедно со Институтот за трансфузиологија од Скопје. Станува збор за традиционален настан кој се одржува секоја година, а вработените овде секогаш ја покажуваат својата хуманост, рече Роза Илова, секретар во Општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци.
Илова нагласи дека Кавадарци секогаш е на врвот на табелата по хумани градови, кога е во прашање доброволното дарување на крв.
Следната доброволна крводарителска акција е во среда, а крв ќе даруваат полицајците од Полициската станица од општа надлежност Кавадарци и граничната полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани