Шаќири: Штрајкот треба да е последниот чекор, ќе го продолжиме дијалогот со СОНК
Го почитувам синдикалното право на штрајк, но тој треба да биде крајна одлука и последен чекор, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири и додаде дека социјалниот дијалог ќе продолжи и дека денеска или утре со СОНК ќе имаат средба.
-Ќе повикам во најбрз можен рок да најдеме заеднички договор на овие проблеми и наставата да продолжи, рече Шаќири при посетата на средното училиште „Владо Тасевски“ каде што се спроведува меѓународно ПИСА-тестирање.
Соопшти дека МОН е во комуникација со директори на сите основни и средни за тоа дали и како се одвива наставата и колку се вклучени во штрајкот. Рече дека по 14 часот односно по почетокот на втората смена во училиштата, ќе имаат информации за вклученост во штрајкот.
Во училиштето што го посети, рече дека од вкупниот број 117 вработени, 18 се во штрајк – наставен кадар и технички персонал и дека се во посебна просторија.
-Мислам дека во повеќе градови е ваква состојбата. Имам првични информации, но треба да ги потврдам во соработка со инспекторатите – просветен и трудов, од градови каде што имало ученици кои сакале да влезат, но не биле пуштени во училиштата поради одлука за штрајк, рече Шаќири.
Според него, со одлуката за штрајк се доаѓа во ситуација да се надоместат деновите од учебната година бидејќи имаше и одложен почетокот на второто полугодие поради состојбата со КОВИД-19.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари