Шахпаска: Новата градинка во Општина Чаир ќе има капацитет од 350 деца и е најголема во државата

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на започнувањето со градба на новиот објект „Бамби“ при детската градинка „Фидани“, во Општина Чаир.
-За нас како Влада врвен приоритет е грижата за сите граѓани, пред се за најмладите. Оттука, продолжуваме одговорно да работиме во изградба на објекти во кои што најмладите граѓани ќе бидат сместени. Градинката „Бамби“ ќе има капацитет за 350 деца кои ќе бидат сместени во 21 занимална, поделени во три групи, истакна Шахпаска.
Министерката посочи дека новиот објект за згрижување на деца, претставува најголем во државата и Министерството за труд и социјална политика учествува со 121 милион денари.
Таа го потенцираше раниот детски развој како многу значаен дел од воспитувањето и грижата за најмладите, затоа што тоа е основата за нивна изградба во личности понатаму. Притоа, ја истакна и важноста на стручниот и квалитетен кадар кој игра значајна улога во нивниот воспитно- образовен процес.
-Од почетокот на манадатот отворени се 6 градинки со опфат од 416 деца, во финална фаза се уште 4 градинки со капацитет од 200 деца, а во тек на израдба се 15 нови градинки кои ќе опфатат нови 1900 деца, рече министерката.
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу ја потенцираше важноста на новиот објект за згрижување на деца, пред се од аспект на воспитно – образовниот процес во кој ќе бидат вклучени децата од оваа општина, што се должи на одличната соработка на локалната власт со Министерството, односно Владата на РМ.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
