Северна Македонија станува членка на Унијата за Медитеранот
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Барселона ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот, што ќе се одржи во рамки на Седмиот регионален форум на Организацијата.
На состанокот на шефови на дипломатиите од 42-те земји членки на Унијата за Медитеранот, Османи учествува на покана на министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, јорданскиот заменик премиер и министер за надворешни работи Ајман Сафади и високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеф Борел.
По приемот на земјава во Унијата, Османи ќе учествува во работата на состанокот како претставник на рамноправна членка на организацијата.
На маргините на форумот предвидено е Османи да се сретне со шпанскиот министер Албарес, како и да оствари билатерални средби со други свои колеги од земјите членки во Унијата на Медитеранот.
Унијата за Медитеранот е формирана на првиот Самит на шефови на држави или влади од евро-медитеранскиот регион, одржан во Париз на 13 јули 2008 година. Таа претставува рамка за уредување на мултилатералните односи помеѓу ЕУ и медитеранските земји кои не се дел од Унијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
