Северна Македонија на 18 место во светот по испиено кафе на жител годишно
Страницата „World of Statistics“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Северна Македонија се наоѓа на 18-та место и во неа жителите годишно пијат 3,6 килограми кафе, јави дописникот на МИА од Белград.
Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител.
Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми.
Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.
Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.
Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.
Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.
Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани