Северна Кореја одбива преговори со САД додека траат воените вежби

Северна Кореја денеска соопшти дека нема да почне преговори со САД се додека траат воените вежби на американската армија и сојузничките држави од источна Азија.
- Се додека е во тек непријателската политика против мојата земја од страна на САД и додека воени вежби се одржуваат пред нашите порти, нема да има преговори, изјави севернокорејскиот амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Женева, Хан Тае-сонг.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Северна Кореја неодложно да пристапи кон преговори за нејзината нуклеарна и ракетна програма, заканувајќи се со натамошни санкции и воен притисок доколку тоа не се случи.
САД испратија дури три носачи на авиони со придружните борбени групи во источна Азија за големи воени вежби во кои учествуваат и Јужна Кореја, Австралија и други држави.
Амбасадорот Хан изјави дека Северна Кореја не ја разгледува можноста да се откаже од својата нуклеарна програма, велејќи дека таа служи за да ги обесхрабри САД од упатување на закани кон Северна Кореја.
Според Хан, неговата држава подготвена ќе го пречека најавеното заострување на санкциите
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
