Северина почести со нов спот

Видеоспотот за новата песна со заразна и танчерска мелодија ја покажува Северина во сосема поинакво издание. Екранизацијата на „Калимеро“ и е доверена на словенечката режисерка Дафне Јемерешиќ, која целото дејство го замислила како спот во спот, во кој Северина се бори со лавови, пее со маријачи и танцува со светските прваци во хип-хоп, групата The Artifex.
-Се плашев од лавовите на снимањето на спотот зошто беа страшни, а маријачите ужасно лошо свиреа. Се на сем ова е најнеобична песна што сум ја отпеала, еден просечен детски народњак, кој ќе постигне натпросечна гледаност, Десниот колк ве молам подгответе го, зошто румбата го крши телото. Ведрана, дај едно мохито и појачај музика - напиша Северина на својата Фејсбук страница.
Музиката и текстот го потпишуваат долгогодишните соработници на Северина Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ, кои уште еднаш покажаа дека сакаат се што сакаат младите.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
