Сеул со санкции ќе и одговори на Северна Кореја

На најновите севернокорејски нуклеарни проби, Сеул ќе одговори со неколку мерки, но истовремено ќе продолжи да бара начини за решавање на проблемот, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.
- Последната нуклеарна проба на Северна Кореја е посериозна отколку претходната. Од една страна, Сеул на неа ќе одговори на најодлучен можен начин, посебно со заострување на санкциите, зголемување на притисокот и јакнење на воените капацитети. Од друга страна, Јужна Кореја ќе настојува да пронајде сеопфатно и темелно решение за севернокорејското нуклеарно прашање, изјави Мун.
Тој оцени дека е неопходно да се прекине овој „маѓепсан круг“, каде по севернокорејските провокации следат осуди од меѓународната заедница и зголемен притисок врз Пјонгјанг.
Мун вели дека е прифатлив каков било формат на разговори за севернокорејското нуклеарно прашање, под услов да се олесни денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, инсистирајќи дека проблемот мора да се реши по мирен пат.
- Доколку помогне за решавање на нуклеарното прашање, нема да избегнам ниту еден вид дијалог. Сепак, ова не е вистинското време за дијалог со Северна Кореја. Не сакаме да го уништиме севернокорејскиот режим и да го олесниме обединувањето на островот преку анексија. Сакаме да го решиме севернокорејското нуклеарно прашање, гарантирајќи ја притоа сигурноста на режимот, со оглед на тоа дека сакаме да изградиме одржлив мир на Корејскиот полуостров, изјави Мун.
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
