Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети, соопшти денеска јужнокорејската армија.
Северна Кореја ги лансираше ракетите кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи го Генералштабот во Сеул (ЈЦС).
Според Јонхап, ракетите биле лансирани од областа на Пјонгјанг и прелетале повеќе од 900 километри.
„Јужнокорејската армија го засили надзорот за да се подготви за дополнителни лансирања и одржува состојба на целосна подготвеност, додека тесно споделува релевантни информации со САД и Јапонија“, соопшти Генералштабот.
Министерството за одбрана во Токио соопшти дека се верува оти ракетите паднале во морето надвор од ексклузивната економска зона на земјата.
Северна Кореја последен пат истрела најмалку една балистичка ракета во истата насока на 3 октомври.
Стручњаците веруваат дека тестовите служат за дополнително развивање на воените капацитети и за демонстрација на сила.
На Пјонгјанг му е забрането лансирање балистички ракети според повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
