-->
-->
Серија А забрани зелени дресови
-->
Италијанската Серија А им забрани на прволигашките клубови да изберат зелена комбинација на нивните дресови за новата сезона.
Одлуката, како што пренесува денеска Би-Си-Си, подразбира забрана клубовите да промовираат дресови во зелена боја, а исклучок се екипите кои традиционално настапуваат во зелени дресови на домашен терен.
Раководството на италијанската Прва фудбалска лига ја донесе одлуката на барање на телевизиските компании со образложение дека контрастот на зелените дресови со теренот им предизвикува проблеми на гледачите при следење на натпреварите.
Новата сезона во Серија А стартува на 21 август, а титулата ја брани Интер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце