Сергеј Лавров утре во посета на Словенија и Србија
- Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ја почнува посетата на Словенија и на Србија.
Лавров прво ќе престојува во Љубљана, каде ќе има средби со словенечкиот државен врв и ќе потпише меморандум за основање на Меѓународен центар на Втората светска војна, по што утре вечер ќе пристигне во Белград.
Посетата на рускиот министер за надворешни работи на Белград се остварува на покана на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод одбележувањето на 180 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Србија и Русија.
За време на дводневата посета на Србија, како што јави дописникот на МИА од Белград, Лавров ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, со кои ќе разговара за билатералните односи, економската соработка, состојбата на Западен Балкан и Косово.
Средбата на Лавров со Вучиќ е предвидена за утре вечер.
В четврток, шефот на руската дипломатија ќе присуствува на презентацијата на мозаикот на куполата на црквата Св.Сава, по што на свечена церемонија на Дачиќ ќе му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.
Во пресрет на посетата на Белград, Лавров изјави дека Москва не се противи на приближувањето на Србија и на земјите од регионот во ЕУ, но и дека изборот кој Брисел го поставува пред земјите кандидат - или Русија или Запад - е погрешна политика.
Лавров оцени дека Западот го прекршил „џентлментскиот договор“ за неширењето на НАТО кон руските граници, игра во која се вовлекува и Балканот, а во тој котекст беше спомената и Македонија и нејзините аспирации за влез во НАТО.
Тој нагласи дека Русија е заинтересирана за „зачувувањето на историските, духовните, културните врски со пријателите на Балканот“, додавајќи дека Москва ќе го прифати кое било решение што ќе го договорат Белград и Приштина.
Според Лавров, Русија неотстапува од намерата да се реши проблемот со дипломатскиот статус на Хуманитарниот центар во Ниш.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе истрага за пожарот во Трубарево
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор