Loading Video...
Свет
18. September 2025 - 16:32

Преглед на вестите од светот

Масовни протести низ Франција во организација на водечките синдикати. Работници од различни индустрии, вклучувајќи јавен сектор, здравство и образовни институции излегоа на улиците. Револтот е поради предлог буџетот за 2026 година, кој предвидува замзрнување на пензиите, значителни кратења во здравствениот сектор и укунување на два државни празника.

Синдикатите ги сметаат овие планови за неправедни и штетни за работници и јавните услуги. Незадволството е насочено и кон претседателот Макрон и неговата претходно спроведена пензинска реформа со која ја зголеми старосната граница за пензионирање.

-Тука сум да ги бранам  јавните услуги, а исто така да побарам поголема социјална правда и даночна правда, особено, да побарам јавните пари да се вратат во јавните услуги во болниците, правдата и училиштата, наместо во големите компании и во даночни подароци за ултрабогатите.

-Владата треба да разбере дека сме презаситени од штедењето, дека постојат вистински мерки што треба да се преземат за да се спаси Франција, но тоа не се оние што треба да се преземат против работниците.

Протесните акции се оддржуваат на 250 различни лоакции низ Франција, проценките на властите се дека ќе има над 600.0000 демонстрантиа мобилизирани се околу 80.000 полицајци и жандарми за одржување на редот. Во Париз се очекува да протестрираат помегу 50.000 и 100.000 луѓе.

Уапсени се најмалку 58 лица, од кои 11 во Париз. Собирите ја парализираа државата- железницата сообраќа со половина капацитет, париското метро е скратено само на неколку линии, секој трет регионален воз е откажан. Затворени се дури 98 отсто од аптеките. Во меѓувреме, премиерот Себастиен Лекорну најави дека ќе ги преиспита плановите за штедење.

Соединетите Држави ќе инвестираат 150 милијарди фунти во Велика Британија објави Американскиот претедател Трамп за време на средбата со британскиот премиерт Страмер. Договорите за инвестиции опфаќаат области како што се технологија, енергетика и биолошки науки и ќе создат околу 7600 работни места истакна Стармер.

Трамп од вчера е во државна посета на Велика Британија. Вчера имаше средба Кралот Чарлс Трети кој за гостинот оргрнаизираше свечен дочек во замокот Виздор.

Украина наскоро ќе добие нови пратки модерно оружје од САД и од еворпските сојузници се пофали укрианскиот претседател Зеленски на заедничката прес конфеернција со претселката на ЕП Мецола во Киев. Октри дека помошта ќе вклучува ракети за  системите Патриот и Химарс.

-Во врска со првите два пакета, секој во вредност од 500 милиони долари. Разбрав дека прашавте што ќе вклучуваат тие пакети. Нема да ги откријам сите детали, но тие дефинитивно ќе вклучуваат ракети за системите Patriot и HIMARS.“

Претседтелката на ЕП ја нагласи потребата од засилена подршкаа за Украина и најави постоги санкции кон Русија, вклучувајќи намалување на зависноста од руската енергија и ограничувања за флотата во сенка.

Ќе продолжиме да ја ослабуваме руската воена машинерија преку координари и силни санции. Всушност работиме на 19  тиот пакест санкции. Ќе ја зголемиме нашата хуманитрана воена и диплоамтска поддршка за Украина и дополнително ќе ја интензивираме нашата соработка со меѓународните партнери и ќе инвестираме во сопственото производство на Украина. Роберта Мецола, претседателка на ЕП.

Повеќе санкции од ЕУ нема да ја принудат Русиај да го промени курсот порака од Кремљ.

-Европската унија и многу поединечни европски земји продолжуваат да следат прилично непријателски став кон Русија. Тие погрешно веруваат дека продолжувањето на политиката на санкции може некако да влијае на позицијата на Руската Федерација. Русија, која ги брани своите национални интереси, сигурно не е засегната од овие санкции и изминатите три години јасно го покажаа тоа.