-->
-->
Серена Вилијамс: Не е лесно да се биде „црн“ во тенисот
-->
Американската тенисерка Серена Вилијамс, која одби да учествува на турнирот во Пекинг и ја заврши тековната сезона пред време, рече дека во тенисот и воопшто во спортот не е лесно да се биде со темна боја на кожата.
Таа, исто така, истакна дека сестра и Венус многу и помогнала во овој поглед.
- Не е лесно да се биде „црн“во спорт, посебно во тенисот каде нема многу играчи со темна боја на кожата. Имав среќа мојата сестра Венус која пред мене ја започна кариерата, да отвори толку многу врати и граници. Така беше многу полесно за мене. Сите ние доживуваме различни емоции за кои не е толку лесно да се зборува. Но, мислам дека треба да го направиме тоа, изјави Серена Вилијамс.
Оваа сезона, 36-годишната Американка има 18 победи и шест порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје