Македонија
22. јуни 2018 - 8:26

Семинар за подобрување на пристапноста во музеите

Семинар за подобрување на пристапноста во музеите „Музеј за сите“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на  Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) и НУ Музеј на македонската борба.

Организаторите информираат дека семинарот е наменет за македонските музејски професионалци и подобрување на пристапноста, инклузивноста и ефикасното надминување на различните бариери кои институциите ги имаат кон различните категории посетители – особено лица со физичка и интелектуална попреченост.

На семинарот ќе може да се слушнат идеи и препораки од неколку експерти од регионот, а ќе бидат пренесени и македонските искуства.