Семејството на Драгојевиќ ги предупреди оние што сакаат да заработат од неговото име
Семејството на Оливер Драгојевиќ им се обрати на сите оние што се обидуваат да заработат злоупотребувајќи го името на хрватската музичка легенда.
- Семејството на Оливер Драгојевиќ со ова се обраќа до јавноста, како и до сите што во негова чест сакаат да организираат какви било настани во негово име и уметничкото творештво да го користат за свои цели. Законот за заштита на личните податоци на Европската Унија го штити поединецот во врска со слободниот пренос на такви податоци и секое неовластено користење и обработка на личните податоци се смета за противправно, се вели во соопштението објавено и на Фејсбук.
Посебно се нагласува тенденцијата за користење на името на Драгојевиќ во комерцијални цели.
- Љубезно ве замолуваме личните податоци на господин Оливер Драгојевиќ, посебно неговото име, да не го користите за промоција, маркетинг, концерти, приредби и слични настани, без претходно писмено одобрение од неговото семејство, бидејќи уметничката вредност на неговото име е и неизоставен дел, како од нас самите така и од севкупното хрватско музичко наследство, се додава во објавата.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло