-->
-->
Семејството Бјанки бара оштета од ФИА
-->

Семејството на Жил Бјанки ја тужи ФИА, Формула 1 и екипата на Марусија, поради несреќата која се случи на трката за Големата награда на Јапонија, во која смртно страдаше која младиот француски возач.
Жил Бјанки, почина во јули минатата година, откако по несреќата на патеката во Сузука, девет месеци, поради тешки повреди на глават, беше во кома. Трагичниот инцидент се случи кога Бјанки управувајќи го болидот на Марусија, со голема брзина излета од патеката и удри во кранот кој го отстрануваше возилото на Адријан Зутил.
Официјалниот извештај кој ФИА го објави неколку месеци по несреќата ги ослободи од вината челниците на Формула 1. Сепак, семејството на Бјанки по неколкумесечни консултации реши да покрене тужба против ФИА, Формула 1 и тимот на Марусија.
Семејството верува дека биле направени грешки во „планирањето, организацијата и спроведувањето на трката“, бидејќи како што тврдат трката е одржана во опасни временски услови за време на сезоната на тајфуни во Јапонија.
„Смртта на Жил Бјанки можеше да биде избегната“, рекол еден од адвокатите на семејството Бајнки, Џулијан Чембрлејн.
Таткото на починатиот возач, Филип Бјанки, смета дека семејството бара правда и сака да биде утврдена вистината за одлуките кои биле носени во текот на трката, а кои придонеле неговиот син да го загуби животот.
Жил Бјанки почина на 17.јули минатата година, девет месеци по несреќата на трката во Сузука. Младиот француски возач беше првиот пилот во Формула 1 кој починал од повреди со кои се здобил за време на трка по повеќе од две децении.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
